Како реагираше Путин по поразот на Русија

by
1 минути читање

Самиот пласман на Русија во четвртфиналето е огромен успех за оваа земја. Во моментов тие немаат состав за големи дострели, а тоа добро го знае и претседателот Владимир Путин кој упатил честитки до фудбалерите.

Реакцијата на Путин ја пренесе селекторот Стнислав Черчесов.

„Премиерот Дмитри Медведев беше со нас во соблекувалната, претседателот Путин ни се јави на телефон и ни честиташе за добрата игра. Ни рече дека она што го правевме на теренот е феноменално и дека цела Русија е горда на нас. Но, ни рече и дека тука не треба да застанеме, треба да одиме напред, да го креваме нивото за да дојдат и уште поголеми успеси“, изјави селекторот Черчесов.

По натпреварот се огласи и портпаролот на Кремаљ кој исто така рече дека Путин е горд на руската репрезентација.

„Претседателот Путин го гледаше натпреварот и навиваше за својата репрезентација. Изгубивме во чесен и величествен натпревар. Фудбалерите за нас и понатаму се големи, тие се херои. Гинеа на теренот, горди сме на нив“, е официјалната реакција на руските власти пренесена од портпаролот Дмитриј Песков.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани