Како реагираше Погба кога по поразот од Барса го прашаа дали сака да игра на „Ел Класико“ во дресот на Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред се најавува како дел од „галактикос“ засилувањата на Флорентино
Перез и планот на Зинедин Зидан за реконструкција на Реал Мадрид.

Самиот играч
неодамна призна дека сонува за настап во Реал и под водство на Зизу, а потоа стратегот
на „кралевите“ упати многу пофални зборови на адреса на Пол Погба и му порача
дека вратата на Реал е отворена доколку тој реши да стави крај на авантурата на
Олд Трафорд.

По синоќешниот
пораз од Барселона во Лигата на шампионите, шпанските медиуми се обидоа да
извлечат уште некоја изјава која ќе ги подгрее шпекулациите, но Пол Погба не им
го овозможи тоа задоволство.

„Кога играме во
Лигата на шампионите, секогаш е задоволство да се одмерат силите со Барселона.
Ова е сон за секој фудбалер“
– вели Погба.

Кога новинарот го
запраша дали би можеле да го видиме против Барса на „Ел Класико“, со насмевка
на лицето Французинот рече: „Нема да ви одговорам на ова прашање“.

Потоа следуваа
нови прашања за Реал, по што Погба порача: „Ќе разговарам само за натпреварот,
за други работи не“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×