Португалецот
очајно посакуваше нов дефанзивец ова лето, но извршниот потпретседател Ед
Вудворд остана глув на барањата. Дека последната линија на „Ѓаволите“ е ранлива
покажа дуелот со Брајтон изминатиов викенд, кога домаќините приредија големо
изненадување и славеа над фаворитот со 3-2.
Според пишувањата
на „Тајмс“, Жозе Мурињо бил толку многу разочаран од изданието на Манчестер
јунајтед што останал без зборови и едвај им кажал нешто на своите играчи во соблекувалната по
последниот свиреж.
Весникот исто
така додава дека Португалецот нема намера да поднесе оставка и покрај тоа што има
големи несогласувањата со Ед Вудворд. Жозе Мурињо е разочаран што клубот не му
ги исполнил желбите на трансфер пазарот, но нема планови да се повлече.