Како повредата на Влаховиќ ќе влијае врз неговата иднина во Јувентус?

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Душан Влаховиќ би можел да пузира и до два месеци, а ваква прогноза ќе значи дека напаѓачот нема да направи трансфер во зимскиот преоден рок.

Годината за Душан Влаховиќ е завршена, Србинот се повреди против Каљари во саботата, и денешните лекарски прегледи ќе ја дадат точната дијагноза, но се очекува паузата да биде околу два месеци.

Ова ќе влијае и врз иднината на напаѓачот, кој тешко дека ќе направи трансфер во зимскиот преоден рок со сериозна повреда.

Па тој или ќе стави потпис на нов договор со Јувентус, или беспари ќе замине летоска.

„Старата дама“ не се откажува од идејата да го задржи Душан Влаховиќ и ќе му понуди нова соработка, но таа ќе биде во согласност со новите лимити и далеку од сегашните 12 милиони евра по сезона.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×