Како одеднаш Мурињо стана прв кандидат за нов тренер на Челси?!

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Жозе Мурињо денеска за момент беше прв кандидат за нов тренер на Челси кај обложувалниците, неколку големи уплати влијаеле коефициентот на Португалецот драстично да се намали.

По одлуката на „сините“ да се разделат со Маурисио Покетино, веднаш почнаа да кружат гласини кој ќе биде новиот тренер на Челси и се пишуваше дека на листата со желби си Киран МекКена, Енцо Мареска и Томас Франк.

Но денеска на големо изненадување, обложувалниците го сместија Жозе Мурињо како главен кандидат за тренерското столче на „Стемфорд Бриџ“.

„Утрово, од 10:15 до 10:50, сите облози кои ги добивме беа на тоа дека следен тренер на Челси е Жозе Мурињо“ – велат од Бет365.

„Ова е спротивно на она што можевме да го прочитаме деновиве, дека Челси сака млад и динамичен тренер“.

„Но ете, беа уплатени многу пари и коефициентот падна од 41, на само 3“.

Коефициентите во текот на денот одново беа корегирани, па Мареска и МекКена остануваа фаворити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани