536
Египет синоќа многу потешко од очекувањата го победи Бенин во осминафиналето од Африканскиот куп на нации, славеа со 3-1, но им требаше продолженија за да дојдат до победата.
Фудбалерите на Египет ептен се испотија за да се пласираат во четвртфиналето иако пред натпреварот важеа за големи фаворити.
Салах кој го постигна последниот гол на мечот, даде изјава која брзо беше демантирана.
„Нема лесни натпревари на Африканскиот куп на нации, нема тим кој ќе победи со 4-0 или 5-0“, рече Салах.
По мечот меѓу Египет и Бенин, се играше дуелот меѓу Нигерија и Мозамбик. Нигеријците победија со убедливи 4-0 и веднаш му покажаа на Салах дека може да се победува убедливо.