Како надморската височина и лошата традиција да не беа доволен проблем, Аргентина на очаен терен ќе брка настап на светско (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лео Меси и
Аргентина ризикуваат да не настапат на Светското првенство кое следната година
ќе се одржи во Русија.

Во моментов
„Гаучосите“ се надвор од позициите кои носат настап на мундијалот, па мораат да
победат на последниот натпревар од квалификациите против Еквадор.

Аргентина не игра
во најдобра форма, а за клучниот дуел уште неколку работи не се на нивна
страна.

Лео Меси и
другарите ќе треба да се борат со големата надморска височина и реткиот воздух,
средбата во Кито ќе се игра на 2850 метри надморска височина.

Исто така,
традицијата не е на страната на „Гаучосите“, тие последен пат славеа на гости
кај Еквадор во 2002.

Но најголем
проблем од се може да биде лошите услови за игра. Во Кито имало обилни
врнежи изминативе денови, па состојбата на теренот на стадионот „Атахуалпа“ е
очајна и некои делови се уште се поплавени на 24 часа пред почетокот на средбата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани