216
По завршувањето на финалниот натпревар од Лига Европа помеѓу Манчестер јунајтед и Ајакс, Мурињо отиде кај 18-годишниот Џастин Клајверт и имаше мал разговор со него.
Во медиумите се појави видео, холандскиот „Воетбал Инсајд“ тврди дека ја открил конверзацијата помеѓу Мурињо и Клајверт иако усната на Португалецот не се гледа во поголем дел од разговорот.
Без разлика колку од разговорот е точно откриен, од видеото јасно може да се види интересот на Мурињо за холандскиот фудбалер.
Џастин Клајверт овој месец наполни 18 години, оваа сезона дебитираше во првиот тим на Ајакс, игра како офанзивен крилен играч и важи за голем талент.