Како можеше вака да погрешат? ВАР заборави фудбалер кога ги црташе линиите за офсајд! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ВАР често креира
контроверзии, но она што се случи на дуелот помеѓу Серо Портењо и Флуминенсе
ретко се гледа. Видео технологијата поништи гол кој беше чист како солза, откако
при цртањето на линиите за офсајд беше заборавен еден фудбалер.

При резултат 0-0,
во 40. минута од првото полувреме, Алан Родригез нафрли од левата страна, Роберт
Моралес со глава префрли на подалечната статива, каде Мауро Босељи со малку
мака ја смести топката во мрежата.

Помошник судијата
го крена знаменцето за офсајд, па во ВАР собата веднаш почнаа да проверуваат
дали е регуларна позицијата. Проблемот настана кога ВАР се фокусираше на
групата фудбалери кои беа во срцето на шеснаесетникот и заборави во предвид да земе
еден дефанзивец на гостите кој беше во долниот дел од тв мониторот.

Во продолжението од натпреварот, Флуминенсе постигна два гола и обезбеди убава предност во пресрет на реваншот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани