Како Мино Рајола шири лажни вести за да ја зголеми вредноста на неговиот клиент

by
2 минути читање

Суперталентираниот
голман е под договор со Милан до 30. јуни 2018, и „Росонерите“ се обидуваат да
ја продолжат соработката со Џиџо Донарума.

Но преговорите не
бележат прогрес и покај тоа што Милан е подготвен драстично да му ја зголеми платата на
играчот.

Клубот од Сан
Сиро му нуди на Џиџо Донарума годишна плата од 3,5 милиони евра, но неговиот
агент Мино Рајола инсистира на повеќе, или околу 5 милиони евра.

Контроверзниот
агент знае дека во раце има нова „златна кокошка“ па сака максимално да ја
зголеми вредноста на неговиот клиент и со тоа да „лапа“ поголеми
провизии.

Денеска низ
медиумите од Италија проструи информација дека и Наполи го сака Џиџо Донарума, кој е родум
од Неапол.

Но клубот од Сан
Паоло веднаш го демантираше ова, и вели дека лажната информација ја споделил
Мино Рајола во обид да извади подобар „дил“ за голманот.

Па многумина се
прашуваат колку од информациите кои се појавија изминатиов период се нарачани
од Мино Рајола.

Веројатно и
сторијата на Сан од пред неколку недели, за тоа дека Џиџо Донарума на блиски
пријатели им се доверил дека заминува од Милан спаѓа во овие лажни вести кои ги шири
Мино Рајола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани