Како Меси се обиде да го „насанка“ судијата во исклучувањето на Дембеле (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона конечно
покажа и докажа што знае и умее, а Каталонците се истурија над Севиља во
дербито на колото изминатиов викенд во Примера, совладувајќи го противникот на
свој терен со убедливи 4-0.

Одлично издание
имаше Осман Дембеле, кој постигна еден од четирите погодоци на домаќинот,
меѓутоа Французинот целосно го засени својот придонес во победата во самиот
финиш од пресметката на „Камп Ноу“, кога се здоби со исклучување во 88. минута
откако го доби и вториот жолт картон на мечот.

Капитенот на
Барселона, како и прва ѕвезда на тој состав, Лионел Меси се обиде да го „спаси“
својот соиграч, а притоа да го убедува главниот арбитар од тој меч, Матеу Лаоз,
велејќи му дека Дембеле не знае добро да се изразува на шпански јазик, по
коментарите на Дембеле кон Лаоз со зборовите
: ти си лош, многу лош.

Се уште не е
познато каква суспензија ќе следи за младиот Французин, а „Марка“ пренесе дека
тој би можел да отсуствува и на Ел Класико, односно дерби пресметката со Реал
Мадрид на домашен терен на 26-ти месецов. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×