Барса сака да го донесе Филипе Кутињо ова лето и за кратко време се договори со Бразилецот, но преговорите со Ливерпул одат многу потешко од очекуването.
„Црвените“ веќе одбија две понуди, првата вредна 80 милиони евра, а втората 100 милиони евра.
„Каталонците“ ќе се вратат и со трет предлог кој веројатно ќе биде вреден околу 120 милиони евра.
Но клубот од Камп Ноу не е голем оптимист и според Мундо Депортиво, Ливерпул ја излудува Барса во преговорите.
Клубот од Енфилд секогаш слуша што има да каже Барселона, но освен негативен одгвор на понудите, не испраќа друг фидбек.
Ливерпул обдбива да одреди сума и не и кажува на Барса колку пари се потребни за да биде купен Филипе Кутињо.
И покрај ваквиот развој на настаните, Мундо Депортиво вели дека ангажманн а Дембеле и Кутињо е планот А на Барса за ова лето, и „Каталонците“ не помислуваат на план Б.