Како Линекер, Фердинанд, Џерард и Овен го прославија голот на Серхи Роберто (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“
вечерва испишаа нова историја откако направија нешто кое на никого претходно не
му успеало.

Барса имаше
неверојатен кам-бек, надмина негатива од 4-0 од првиот натпревар и вечерва го совлада ПСЖ со 6-1 за прогрес во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Ретко кој може да
остане рамнодушен со подвигот на Барса, а таква беше ситуацијата и во студиото
на БТ Спорт, каде стручните коментатори Гери Линекер, Рио Фердинанд, Стивен
Џерард и Мајкл Овен полудеа од радост кога Серхи Роберто погоди во 95. минута.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Мајкл Овен дури и трчаше околу масата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани