Како ли ќе реагира Мурињо на ова: Скаут на Манчестер јунајтед наместо во Доха, отишол во Рејкјавик…

by
1 минути читање

Интересна приказна ни
пристигнува од Манчестер јунајтед, а истата не е баш за пофалба за големиот
гигант. Скаут од страна на Премиерлигашот бил испратен да го проследи
пријателскиот меч помеѓу Исланд и Чешка,

Од Исландската фудбалска
федерација потврдија дека тимот од „Олд Трафорд“ побарал акредитации за тој
натпревар, а проблемот бил во тоа што скаутот затекнал празен стадион во
Рејкјавик, а тамошните лица со насмевки на лицата го известиле дека мечот се
игра „само“ 9.000 километри од Исланд
и дека на арената би можел моментално сам да игра фудбал. Како за илустрација повеќе, скаутот утнал три временски зони…

Поточно, средбата помеѓу
Исланд и Чешка во која Чесите славеа со 1-2 беше одиграна во Доха, Катар, а
засега нема детални информации околу тоа која била мета на скаутот од страна на
Манчестер јунајтед.

Што се однесува пак до скаутот, се претпоставува дека се
работи за поранешниот стратег од клупата на шкотски Глазгов Ренџерс, 54
годишниот Томи Милер Нилсен, Данец кој лично од Мурињо беше поставен за главен
скаут на Манчестер јунајтед на Скандинавија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани