Џиџо Донарума синоќа мораше предвреме да го заврши натпреварот помеѓу Монако и ПСЖ откако доби копачка во лице и заработи неколку конци.
Џиџо Донарума нема по добро да го памети синоќешното гостување кај Монако во Лига 1, голманот го напушти теренот со крваво лице по дваесетина минути игра.
Италијанецот доби копачка во лице откако противничкиот играч Вилфред Синого се прецени во намерата да стигне до една топка.
За тоа колку е сериозна повредата на Џиџо Донарума говорат сликите од соблекувалната и 10-те конци на лицето на голманот.
🚨⚠️ Gigio Donnarumma’s conditions pictured by @ArthurPerrot… after a foul suffered by Wilfred Singo. pic.twitter.com/KQRkASiyMO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 18, 2024
Во меѓувреме, Вилфред Синого се огласи на социјалните мрежи и се извини.
„Би сакал да му се извинам на Џиџо Донарума, очигледно немав никаква намера, но подоцна видов дека има сериозна повреда на лицето. Му посакувам брзо опоравување“ – напиша фудбалеорт на Монако.
Вилфред Синого, кој веќе имаше жолт картон, за овој крвнички старт не доби никаква опомена и куртули од исклучување, одлука која ги зачуди љубителите на фудбалот.