84
Шкендија обезбеди убедлив триумф над Шкупи со 4-1 вчера
пред своја публика, во мечот од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На мечот во Тетово спектакуларен погодок постигна
напаѓачот на домаќините Бесарт Ибраими, кој најпрво ја измеша одбраната на
гостите а потоа со топовски удар ја искина мрежата од голот на гостите.
Црвено-црните од Тетово го имаат најефикасниот напаѓачки
двоец сезонава, барем така вели статистиката по неколкуте одиграни меча, Хасани
и Ибраими се лидери на листата на стрелци со девет, односно седум гола.
Тетовци со 28 бода се лидери на табелата, пред Вардар со
19 кој има и два меча помалку.
Фото-вест: KF Shkendija (Facebook)