Како Хајдук му „удрил корпа“ на Модриќ и му направил проблеми: Не си доволно добар…

by Стефан
2 минути читање

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ гостуваше во емисијата на Славен Билиќ каде што меѓу другото зборуваше и за тоа како Хајдук на почетокот од неговата кариера не го сметал за доволно добар.

Тогаш Модриќ дошол на проба во Хајдук без знаење на Задар каде што настапувал во тоа време во младинските категории и очекувал дека ќе добие шанса во Сплит.

„Во Далмација повеќе или помалку сите навиваат за Хајдук, па така и јас и татко ми посебно. Се отвори можност да одам во Хајдук на подготовки, да се преселам и да играм за Хајдук. Татко ми одлучи да одиме без знаење на Задар и покојниот Томислав Башиќ.

Отидов таму со денешниот кум, бевме околу две недели. Имавме натпревари, тренинзи и луѓето во Хајдук одлучија дека е прерано да ме доведат и дека не сум на тоа ниво.  Доста често игравме натпревари Задар–Хајдук, Задар–Шибеник и знаевме да победиме многу пати. Имавме добра генерација, јас си мислев дека сум подготвен, но во Хајдук одлучија поинаку“, раскажа Модриќ.

Подоцна освен што не ја поминал пробата, Модриќ си направил проблем и во Задар затоа што без нивно знаење бил на проба.

„Не знам дали тоа беше поради притисокот од Задар. Томислав Башиќ имаше влијание. Се налути на татко ми затоа што ме однел без негово знаење. Нормално дека бев разочаран, затоа што се враќам во Задар,

Очекував дека ќе продолжам да тренирам како ништо да не било. Меѓутоа, Башиќ му кажал на татко ми: „Ако тој не е доволно добар за Хајдук, не е ни за нас.“ Три месеци не можев да тренирам. Одвреме-навреме одев на некои посебни вежби, на некои шипки, за да се издолжам неколку сантиметри. Не знам дали тоа помогна. Но три месеци не можев да тренирам, замислете како беше тоа“, откри Модриќ.

Сепак, талентот на Модриќ за среќа подоцна дошол до израз, па се преселил во Динамо, а преку Зрињски и Интер Запрешиќ стигна до Тотнем и Реал Мадрид од каде што летово по истекот на договорот потпиша за Милан. Модриќ и во Италија и покрај тоа што е во поодминати години и понатаму прикажува настапи на највисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×