Како го прегазивме Лихтенштајн со 11-1: Дебитант постигна хет-трик (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонија денеска игра против Лихтенштајн на свој терен, а натпеварот со оваа селекција е причина да се потсетиме и на нашата највисока победа во историјата која ја остваривме против оваа селекција во 1996  година на 9 ноември во квалификациите за Светското првенство кога славевме на гости ссо 11-1.

Тоа за Македонија беше и прво официјално гостување и таков натпревар тешко може да се повтори во иднина.

Деби за паметење во националниот тим тогаш имаше Дејан Главевски кој постигна хет-трик, стрелци беа уште: Ѓорѓи Христов, Митко Стојковски (два гола), Тони Мицевски (два гола), Саша Ќириќ (два гола) и Ванчо Мицевски. Единствениот гол домаќините го постигнаа преку Шадлер во 78. минута.

Предводник од клупата беше Ѓоко Хаџиевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×