Клубот од Камп
Ноу го идентификуваше Филипе Кутињо како топ засилување ова лето уште пред да
стане јасно дека Нејмар ќе замине.
Па сега откако Нејмар се пресели во ПСЖ, ангажман на
Бразилецот е уште поголем приоритет со цел да се намали незадоволството
кај фановите и да се зголеми квалитетот на тимот.
Филипе Кутињо сака да
игра покрај Лео Меси и Луис Саурез и се верува дека веќе се има договорено со
„Каталонците“.
Но еден услов на
играчот, кој заслужува почит во овој модерен фудбал и луд трансфер пазар и ја
прави пеколно тешко задачата на Барса.
Имено,
плејмејкерот има огромна почит кон Ливерпул за шансата која му ја укажа и тоа
што му помогна да прерасне во играч од светска класа, па зака да замине од
Енфилд во добри односи.
Тој не помислува
да форсира трансфер и да се заканува со штрајк со цел да изнуди преселба, и
сака да замине под услов двата клуба да пронајдат заеднички јазик во пријателски преговори.
Ова само му дава
дополнителна сила на Ливерпул во преговорите, и затоа „Црвените“ веќе одбија две
понуди, последната вредна 100 милиони евра.
Барса подготвува
и трет предлог која ќе биде во висина од 120 милиони евра, и сигурно ќе им биде
од голема помош доколку Филипе Кутињо јавно каже дека сака да замине на Камп
Ноу.