Како финалето во ФА Купот ќе ја одреди судбината во Европа на Челси, Њукасл и Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Премиерлига

Сезоната во Премиерлигата заврши попладнево, но два клуба ќе внимаваат што ќе се случува следната недела, исходот од финалето во ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед ќе ја реши распределбата на местата во Европа.

Денеска финишираше сезоната 2023/24 во Премиерлигата, Манчестер Сити е старо-нов шампион, а во втора лига се враќаат Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.

Познато е дека Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Астон Вила ќе настапуваат во Лигата на шампиони, додека пак Тотнем со финиш на петтото место си обезбеди пласман во групната фаза во Лига Европа.

Следната недела ќе се решат уште две дилеми, односно последните два патника во Европа.

Исходот од финалеот во ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед ги засега Челси и Њукасл.

Доколку Манчестер Сити победи, Челси ќе оди во Лига Европа, доколку пак Њукасл во Конференциска лига, а Манчестер јунајтед ќе остане без настап во Европа.

Во случај „ѓаволите“ да го подигнат пехарот, ќе настапуваат во Лига Европа, Челси ќе мора да се задовли со Конференциска Лига, а Њукасл ќе остане без настап во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани