Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, ja искористи елиминацијата на Реал Мадрид од Копа дел Реј за да им се потсмева на старите ривали.
„Кралевите“ во средата доживеаја шокантен пораз од 3-2 од второлигашот Албасете во осминафиналето, а натпреварот воедно беше и деби на новиот тренер Алваро Арбелоа.
Арбелоа на клупата го наследи Чаби Алонсо, со кого клубот претходно оваа недела ја раскина соработката, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.
„Добро деби за новиот тренер во Реал Мадрид“, порача Пике преку „Твич“ по поразот на мадриѓаните.
По оваа реакција на Пике, шпанските медиуми потсетија и дека ривалството помеѓу Арбелоа и Пике датира од времето уште кога двајцата беа активни на фудбалските терени.