2,2K
„Волчицата“
мораше да слави против Џенова за да го осигура второто место кое носи директно
во групната фаза од Лигата на шампионите, но не одеше се според планот.
Долго време на
семафорот гласеше резултатот 1-1, и отпорот на гостите беше скршен дури во 74.
минута.
Франческо Тоти можеше да се прослави откако влезе во игра во 54. минута, но Даниеле
Де Роси прв стигна до вратената топка од Џеко и со брза интервенција ја затресе
мрежата на гостите.
Ќе беше извонредно
„Принцот од Рим“ да се збогува од Олимпико со гол, но Франческо Тоти немаше
таква среќа вечерва.
Напаѓачот имаше
уште една шанса при резултат 2-2, но и тогаш задоцни за дел од секундата и противиничкиот дефанзивец
му ја изби топката.