Како Чешка им „помогна“ на Италија и Германија да го „наместат“ натпреварот

by
2 минути читање

Последното коло
од групната фаза на Европското првенство требаше да донесе неизвесна завршница,
Германија играше со Италија, а Чешка против Данска.

Италија мораше да
ја победи Германија за да се пласира во полуфинале, но на „Аѕурите“ ниту три
бода не им беа гаранција и им требаше кикс на Чешка.

Во случај Чешка да славеше над Данска, Италија ќе требаше да ја победи
Германија со два гола разлика и да постигне најмалку три гола (3-1, 4-2).

Но Чешка потфрли
против Данска, постојано беше во негатива за на крајот да загуби со 2-4.

Па наместо голема
борба и фудбалско надигрување, Италија и Германија одиграа натпревар во кој завршницата
налекуваше на еден полесен тренинг.

Интересно беше
само провото полувреме, во кое „Аѕурите“ поведоа со 1-0 со голот на Бернардески.

Овој резултат,
благодарејќи на случувањата на вториот меч во групата, значеше дека двете
репрезентации одат во полуфинале.

Германија како
најдобро второпласирана репрезентација го избегнуваше фаворитот Шпанија, па двете репрезентации го добиваа она шго го посакуваа.

Во вториот дел, „Панцирите“ не беа премногу заинтересирани за напад и ниту еднаш не се заканија поопасно по голот на Џиџо Донарума, а ниту пак Италија бркаше втор гол и повеќе беше фокусирана на тоа како да ја зачува предноста.

Па во завршните пет минути
дефанзивците беа тие кои си ја подаваа топката до бесконечност, додека другите
играчи мирно стоеа.

Секако, вавкиот
пристап го навлече гневот на фановите, кои со свирежи ги испратија фудбалерите
на двете репрезентации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани