Како Барса ќе се справи без Дембеле? Валверде има три опции

by
1 минути читање

Младиот Французин беше донесен на Камп Ноу како замена за Нејмар, и очекувањата од него беа огромни, особено откако Барса плати рекордни 105 милиони евра, а се обврза да исплати и додатни 42 милиони евра во бонуси.

Навивачите на Барселона имаа прилика малку да видат од талентот на Осман Дембеле, но за да добијат подобра слика ќе треба да почекаат до стартот на 2018 бидејќи тој се повреди против Хетафе и ќе паузира четири месеци.

Па тренерот Ернесто Валверде сега ќе има главоболки при составувањето на тимот.

Тој на располагање ќе има неколку опции за замена на Осман Дембеле. Прва е Жерард Деулофеу, кој ова лето се врати на Камп Ноу.

Шпанецот важеше за еден од најперспективните играчи во школата на Барса, и оваа сезона одново доби шанса да покажа што умее. Тој играше во форот покрај Меси и Суарез пред да пристигне Дембеле, па веројатно ќе биде прв пик на Ернесто Валверде.

Пако Алкасер е уште една алтернатива. Тој не добива премногу голема минутажа откако минатото лето пристигна од Валенсија, но ова можеби е шанса да се промовира во клучен дел од плановите на тренерот. Алкасер е напаѓач, и веројатно ќе треба да се прилагоди и да игра по крило, но и во минатото покажа дека е подготвен да се адаптира за доброто на тимот.

Денис Суарез исто така е опција, иако не поседува експлозивност и брзина како Дембеле или Делофеу, тој е одличен техничар, со извонредно чуство за додавање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани