Макс Алегри добива пофалби за трансформацијата која ја направи на Сан Сиро откако летоска седна на тренерското столче, не е само играта на „росонерите“, туку и случувањата зад сцената.
По киксот на отворањето на новата сезона, „росонерите“ наредија четири победи без да прими гол, па пристигнуваат многу пофалби за новиот Милан кој го скрои Макс Алегри.
Стратегот добива заслуги и за играта, но и за случувањата зад сцената, каде имплементирал четири правила.
Како што пренесува Кориере дела Сера, сите треба да зборуваат на италијански јазик, во кантината сите јадат на една маса, има посебен дрес-код за гостинските натпревари и задолжителен карантин пред натпреварите.
За правилото дека сите треба да зборуваат италијански, и од претходно на ова има инсистирано Ибрахимовиќ, целта не е само сите подобро да се разбираат на теренот, туку и да знаеш да го разбереш противникот и судијата.
Тоа што сите јадат на една маса во кантината, спречува групирање и формирање на кланови како во минатото.
Дрес-кодот за гостувањата важи за цела експедиција, не само за фудбалерите, сите мора да бидат облечени во официјална облека на клубот – сако и вратоврска. Ова не е само поради стил, туку и како порака за единство и припадност.
Кориере дела Сера додава дека ова е враќање на духот на „стариот Милан“ од времето на Берлускони.