Ќака: Шкендија на секој натпревар оди на победа, така ќе биде и утре!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот шампион Шкендија е во Азербејџан каде што ќе го одигра реванш дуелот од квалификациите во Лигата на шампионите против Карабах. Во пресрет на средбата на официјалната прес-конференција освен тренерот Јетон Беќири зборуваше и искусниот играч за врска Камер Ќака.

Нè очекува многу тежок натпревар, ама имаме надеж во пресрет на реваншот. Верувам дека ќе имаме добар перформанс против квалитетен ривал, а Бог ќе не награди со победа. Фудбалот е тимска игра, а ние поседуваме одличен колектив. Влегуваме во секој натпревар со мислите кон победа. Така размислуваме сите, не само јас. Ќе биде навистина огромен предизвикот, ама нашата цел е да извојуваме позитивен резултат“, изјави Ќака.

Првиот натпревар во Скопје тетовчани го одиграа како во грч и Карабах ги казни со минимална победа. Сепак, досега во квалификациите Шкендија покажа сериозни партии и не смее да биде отпишана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×