1,6K
Кака би можел да се врати во бразилската репрезентација, овојпат како асистент на новиот селектор, Карло Анчелоти.
Анчелоти му беше тренер на Кака во Милан и многу добро го познава Бразилецот.
„Си-Ен-Ен Бразил“ тврди дека Карло Анчелоти работи на тоа да го ангажира Кака како негов асистент во неговата селекторска работа.
Откако потпиша за Бразил, Анчелоти сега го формира стручниот штаб со кој ќе ја води оваа селекција.
Неговиот син Давиде Анчелоти нема да биде со него, тој веројатно ќе почне самостојна тренерска кариера.
Анчелоти смета дека Кака во стручниот штаб ќе биде голема мотивација за актуелните фудбалери во репрезентацијата.