Кајл Вокер итно опериран, го чека пауза од фудбалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Милан соопшти дека Кајл Вокер беше подложен на операција.

Англискиот десен бек заработи фактура на десниот лакт, а со цел побргу да се залечи проблемот тој мораше „под нож“. Не се објавени информациите и начинот на кој Вокер се здоби со повредата, меѓутоа познато е дека операцијата минала успешно.

Вокер веднаш ќе започне со рехабилитацијата, се очекува да паузира најмалку еден месец, а потоа ако сè биде во ред ќе се врати на терените.

Инаку, Кајл Вокер е позајмен во Милан од редовите на Манчестер Сити. „Росонерите“ налето планираа да го откупат неговиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани