Кајл Вокер ги исмева навивачите на Арсенал: Слушам пукале огномет… ама ептен не промашија!

by bojan
2 минути читање
Вокер

Кајл Вокер не пропушти шанса да ги исмее навивачите на Арсенал, кои пукаа огномет во раните утрински часови пред хотелот во кој наводно требаше да биде експедицијата на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ сами ќе одлучуваат за титулата во Премиерлигата откако синоќа со 0-2 славеа на гостувањето кај Тотнем и се вратија на врвот на табелата.

Расположениеот во таборот на Манчестер Сити беше на високо ниво, па Кајл Вокер реши да ги исмева навивачите на Арсенал, кои во 2 часот наутро пукаа огономет пред Делта Хотелс, верувајќи дека таму престојува експедицијата на „граѓаните“.

Намерата им беше да ги остават без сон момците на Пеп Гвардиола и да им ги пореметат подготовките пред дуелот со „спарс“, но не успеаја со оглед на тоа што актуелниот шампион на Англија реши да преноќи во Манчестер и следниот ден да патува во Лондон.

„Ако не уживам во овој притисок, тогаш немам што да барам во фудбалот и во тим како Манчестер Сити. Секој фудбалер сака да игра на ваков натпревар“ – вели Кајл Вокер.

„Минатата ноќ не можев да спијам, имав проблеми да заспијам. И кога денеска пристигнавме во хотелот слушнав дека навивачите на Арсенал пукале огномет пред хотелот, а ние воопшто не бевме таму“.

„Ептен не промашија!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани