Реал Мадрид со 0-5 славеше на гостувањето во Казахстан, Килијан Мбапе со хет-трик ги предводеше „кралевите“ до убедлив триумф против Каират Алмати.
Поразот во градското дерби од Атлетико Мадрид не остави голема трага врз Реал Мадрид, момците на Чаби Алонсо вечерва со 0-5 победија против Каират Алмати.
Домаќините имаа прилика по само 10 секунди да ја затресат мрежата на фаворитот и да ги шокираат „кралевите“, но ударот заврши право во рацете на Тибо Куртоа.
Во продолжението, Реал Мадрид беше тој што се прашуваше за случувањата на теренот, Мбапе од пенал донесе 0-1 во 25. минута од мечот.
Французинот зголеми на 0-2 на стартот од второто полувреме, а во 73. минута го комплетираше својот хет-трик.
До крајот на натпреварот, Камавинга погоди за 0-4, а Брахим Диаз во 93. минута ги постави конечните 0-5.
На вториот дуел од 18:45 часот, Аталанта со пресврт во второто полувреме го совлада Клуб Бриж со 2-1.