Каират Алмати има свој „Ламин Јамал“, веќе договори трансфер во Челси

by bojan
1 минути читање

Каират Алмати вечерва го пречекува Реал Мадрид во Лигата на шампиони, а во фокусот на јавноста е 17 годишниот Дастан Сатпаев, кој е најмлад стрелец во најелитното европско натпреварување ако во предвид се земат и квалификациите.

Каират Алмати беше едно од најпријатните изненадувања во квалификациите за Лигата на шампиони, избори историски пласман во групната фаза и потоа во ждрепката беше „награден“ за пресметка со Реал Мадрид, противник за кој секој сонува.

„Кралевите“ вечерва гостуваат во Казахстан, и во фокусот на јавноста е 17 годишниот Дастан Сатпаев.

Напаѓачот е најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампиони доколку во предвид се земат и квалификациите, со 16 години и 331 ден се наоѓа пред Ансу Фати и Ламин Јамал.

Дастан Сатпаев веќе има договорено голем трансфер и ќе се пресели во Челси кога ќе наполни 18 години, „сините“ на почетокот од оваа година се сложија да платат 4 милиони евра за неговите услуги.

ФОТО: fb/ФК Кайрат / FC Kairat

Можно е и ова да ти се допаѓа

×