Jувентус во Серија А или победува 3:0 или игра 0:0: „Старата дама“ нов лидер на табелата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус стигнаа до третата победа во Серија А и трета со резултат 3:0, додека останатите три средби на „старата дама“ завршија без голови.

Во овој натпревар на Јувентус на погодоците им се врати Душан Влаховиќ кој беше двоен стрелец. Влаховиќ прво погоди од пенал во 48. минута, а седум минути подоцна одново го запиша своето име меѓу стрелците.

Голот во 48. минута за Влаховиќ беше прв по 355 минути пост. Претходно сезонава беше двоен стрелец и против Верона.

Конечните 3:0 ги постави Консесисао во самата завршница од натпреварот. Јувентус сега е лидер на табелата со 12 бодови, еден повеќе од Интер кој денес претходно го победи Удинезе со 3:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани