Јужна Кореја во 91. минута ја совлада Португалија и ги расплака Уругвајците (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Драматичен и возбудлив финиш на групата Х, Јужна Кореја славеше во пресметката со Португалија и ги расплака Уругвајците.

Со заверено местото во осминафинале, Сантош на теренот го испрати практично вториот состав и покрај тоа што во форот беше Кристијано Роналдо. Но и со ваков тим, Португалците поведоа по само пет минути игра, Хорта реализираше за 0-1.

Јужна Кореја се врати во игра во 28. минута, Роналдо реагираше неспретно по една нафрелна топка, Ким Јунг Гвон се снајде најдобро и одбиената топка ја смести во мрежата за 1-1.

За следниот гол се чекаше се до последните мигови од натпреварот, Сон покрај тројца противници протна топка за Хванг Хи Чан, кој го матираше Кошта за 2-1 и огромна радост.

Јужна Кореја потоа осум минути гледаше што се случува на вториот натпревар од групата, каде Уругвај бркаше трет гол против Гана, но тоа не се случи, па славјето можеше да почне.

На „Ал Џануб“ стадионот во Ал Вакра, Гана имаше шанса да му се реваншира на Уругвај за случувањата од СП 2010, но исто како и пред 12 години, „црните ѕвезди“ промашија пенал и пропуштија да дојдат во водство, а на спротивната страна, Де Араскаета два пати стрелаше прецизно и донесе предност од 0-2.

Долго време овој резултат ги носеше во осминафинале, но на крајот се покажа недоволен по Уругвајците со солзи во очите се збогуваа од мундијалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани