331
Засега годините не влијае на формата на Кристијано Роналдо, тој продолжува да руши рекорди и да биде главен мотор во тимот. Португалецот тренира многу, внимава на сите сегменти во животот и нема намера брзо да прекине со кариерата.
Информациите од Италија велат дека, Јувентус му подготвува нов договор на Кристијано Роналдо според кој тој и на 39 години би го носел црно-белиот дрес.
Актуелниот договор на Роналдо трае до 2022, „Тутоспорт“ верува дека Португалецот ќе го продолжи договорот и ќе продолжи со Јувентус да ја брка титулата во Лигата на шампионите.
На Португалецот му е важно проектот да е амбициозен и да цели кон најголемите титули Европа.