Се чини дека Душaн Влаховиќ и Јувентус ќе се разделат на крајот од сезоната, кога на српскиот напаѓач ќе му истече договорот со клубот од Торино. Иако постоеше можност за нов договор, преговорите очигледно не донесоа резултат и разделбата станува сè поизвесна.
Според информациите на „Team Talk“, раководството на Јувентус веќе започнало со потрага по наследник, а главна цел е бразилскиот напаѓач Габриел Жезус од Арсенал.
Лондонскиот клуб наводно ја одредил цената за 27-годишниот Бразилец. „Старата дама“ би морала да издвои околу 35 милиони евра за негов ангажман.
Интерес за Жезус покажува и Евертон, кој ќе биде главен ривал на Јувентус во борбата за неговиот потпис. Напаѓачот моментално се опоравува од тешка повреда, но се очекува наскоро да се врати на терените и повторно да биде подготвен за настапи.