Јувентус во јануари може да се засили со хрватски голман!

by Стефан
1 минути читање

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус во тековниот преоден рок би можел да се насочи кон ангажман на хрватски голман како потенцијално засилување меѓу стативите.

Во фокусот е Доминик Ливаковиќ, кој не успева да избори поголема минутажа во шпанска Жирона, каде што настапува како позајмен фудбалер од турски Фенербахче.

„Старата дама“ е во потрага по нов втор голман, со оглед на тоа што Матија Перин е на излезна врата и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Џенова. Доколку дојде во Торино, Ливаковиќ би му бил конкуренција на актуелниот прв чувар на мрежата на Јувентус, Микеле Ди Грегорио.

Името на Ливаковиќ претходно се споменуваше и во контекст на можно враќање во Динамо Загреб, клуб за кој бранеше до 2023 година и зад себе остави импресивни 293 официјални настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×