Рома и Јувентус одиграа драматични 3-3, „волчицата“ има за што да жали откако испушти два гола предност и во 93. минута остана без цел плен.
Возбудливо и драматично дерби на „Олимпико“, Рома водеше 3-1 против Јувентус и беше на прагот на значајна победа во битка за местата во Лигата на шампиони, но „старата дама“ се врати од мртвите и со гол во 93. минута успеа да се избори за поделба на бодовите.
Резултатот беше отворен во 39. минута, Весли прекрасно пласираше во аголот за 1-0 и голема радост на домаќините.
Консеисао изедначи на 1-1 на стартот од вториот дел, но „волчицата“ веднаш одговори, Ндика најдобро се снајде по еден прекин и погоди за 2-1.
На средината од второто полувреме, Мален постигна атрактивен гол за 3-1, но Јувентус не се предаде.
Бога во 78. минута намали на 3-2, за во 93. минута Гати да ја затресе мрежата за 3-3.
Па Рома пропушти шанса да направи поголема предност во однос на Комо и Јувентус, а избраниците на Спалети си ги задржаа шансите за топ 4 пласман.