Јувентус веќе не знае што да му прави: Полскиот малер се повреди во теретана

by 24 фудбал
1 минути читање

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик (31) никако не може да фати ритам, откако Јувентус објави дека заработил нова, необична повреда и нема да тренира уште некое време.

Милик последен пат одигра натпревар на крајот од сезоната во Серија А, на 25 мај. Во јуни заработи повреда на менискусот, па процесот на рехабилитација се одолжи поради дополнителни компликации и нови мускулни проблеми при обидот да се врати во форма.

Во клубот постоеше надеж дека може да помогне оваа сезона или барем да се подготви доволно за потенцијален трансфер, но и тоа засега паѓа во вода.

Според официјалното соопштение од Јувентус, Милик на 24 јули се здобил со длабока расекотина на задниот дел од десната потколеница, во пределот на листот, за време на вежбање во теретана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×