Јувентус вчера го ангажираше Тудор а веќе размислува за нов тренер, три имиња се главни кандидати

by bojan
1 минути читање
Јувентус

Игор Тудор вчера беше именуван за нов предводник на Јувентус, но раководството на „старата дама“ веќе разгледува опции за сезоната 2025/26 и има три имиња како главни кандидати за тренерското столче.

По многу шпекулации за иднината на Тијаго Мота, Јувентус вчера повлече потег, му врачи отказ на Бразилецот со италијански пасош и го именуваше Игор Тудор.

Хрватот со кола помина 1.000 километри од Сплит до Торино за да потпише договор до јуни месец, без гаранции дека ќе продолжи на кормилото на „старата дама“.

Како што пренесува Газета дело Спорт, раководството на Јувентус веќе разгледува опции за сезоната 2025/26 и има три имиња како главни кандидати за тренерското столче.

Сонот на Јувентус е враќање на Антонио Конте и тој е прво име на листата со желби.

Роберто Манчини, кој беше земен во предвид и сега како замена за Тијаго Мота, останува како силен кандидат, исто како и Стефано Пиоли.

Џан Пјеро Гасперини е алтернатива, но во моментов не е помеѓу приоритетите. Што се однесува до Зинедин Зидан, една вакво сценарио е тешко изводливо, популарниот Зизу сака да го наследи Дидје Дешам на кормилото на Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани