Јувентус направи тренерска смена, на местото на Тиаго Мота на клупата го доведе Игор Тудор со цел да се спаси сезоната и да се обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Хрватскиот стратег прифати договор до крајот на сезоната, а ако се исполни целта ќе има опција за продолжување и во следната.
Веќе некое време беше познато дека за отказот на Мота челниците на Јувентус мораа да исплатат огромни 20 милиони евра.
Поради тоа, сега веројатно управата научи од грешките. Откако исплати цело богатство за да се ослободи од Мота, договорот на Тудор е навистина „ситен“.
Хрватот до крајот на сезоната според најавите од медиумите ќе добие само половина милион евра. Доколку Јувентус се пласира во Лигата на шампионите и Тудор добие продолжување, платата би му била два милиони евра.