Јувентус тргнува по Милик

by
1 минути читање

„Тутоспорт“
известува дека Аркадиуш Милик нема намера да остане во составот на Наполи подолг
период, а тој се поврзува со потенцијален трансфер во Јувентус, каде повторно
би можел да соработува со Маурицио Сари.

Актуелниот
договор на 26 годишниот полски напаѓач со тимот од „Сан Паоло“ истекува идната
година, па доколку Наполи не сака да остане со празни раце, би требало да го
продаде уште ова лето, сценарио кое е мошне веројатно дека ќе се случи.

Весникот
базирајќи се на свои извори, тврди дека Јувентус тргнува по Милик, а фактот што
има одлично искуство со Сари е секако добредојдено во една ваква ситуација за „Старата
дама“.

Милик сезонава на
17 настапи постигна 12 погодоци, претходно беше поврзуван и со Атлетико Мадрид,
Милан и Шалке 04.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×