Малку фалеше Венеција да приреди огромно изненадување и по пауза од 62 години да го совлада Јувентус во Торино, Влаховиж со гол од пенал во 95. минута ја спасуваше „старата дама“ од срамен пораз.
По триумфот над Манчестер Сити во Лигата на шампиони, навивачите на Јувентус очекуваа победа и во Серија А со оглед на тоа дека во Торино гостуваше Венеција.
„Старата дама“ добро го започна мечот и поведе со голот на Гати во 19. минута, дефанзивецот најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата за 1-0.
Сепак, во продолжението од мечот, Венеција успеа да го сврти резултатот, прво Елертсон изедначи на 1-1 по еден час игра, за во Идзис да погоди за 1-2 во 83. минута и да најави сензационална победа на Венеција во Торино, прва по 62 години.
Сепак, во последните мигови од мечот, судијата покажа на белата точка поради играње со рака а Влаховиќ од пенал во 95. минута донесе 2-2 и го спаси Јувентус од срамен пораз.