Јувентус дојде до три херојски бода од Валенсија, при резултат 0-0 во 29. минута Кристијано Роналдо престрого беше исклучен од игра, му беше покажан директен црвен картон, но тоа не ја оштети Старата Дама.
Во продолжението со два гола на Пјаниќ од пенал Јувентус дојде до победа од 2-0. Првиот погодок беше постигнат пред самиот крај на првото полувреме, а вториот во 51. минута.
Вториот шпанско-италијански дуел го доби Реал Мадрид кој со убедливи 3-0 ја победи Рома. Иско го отвори мечот пред самиот крај на првото полувреме, Бејл во 58. минута зголеми на 2-0, а Мариано во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Изненадувањето на вечерта го направи Лион кој со 2-1 го победи Манчестер Сити во Англија. Францускиот тим водеше со 2-0 уште во првото полувреме со головите на Корне и Фекир. До крајот на мечот Сити успеа само да постигне почесен гол преку Давид Силва.
Црвениот дел од Манчестер јунајтед се радуваше на победа, тимот на Мурињо со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс, во главна улога беше Погба кој даде два гола, имаше и една асистенција.
Баерн Минхен со головите на Левандовски и Ренато Санчез дојде до победа од 2-0 на гостувањето кај Бенфика во Лисабон.
Во другите натпревари Викторија Плзен и ЦСКА Москва одиграа 2-2, Ајакс со 3-0 го победи АЕК, а 2-2 заврши и мечот меѓу Шахтар и Хофенхајм.