Јувентус се плаши дека Барселона може да му го украде Де Лихт!

by
1 минути читање

Јувентус сакаше оваа недела да го објави трансферот на Матијс Де Лихт, но договорот помеѓу двата клуба се искомплицира.

Ајакс побара повеќе пари отколку што Јувентус мислеше дека е доволно, па сега тие стравуваат дека Барселона можеби има влијание на повисоката цена.

Јувентус и Де Лихт постигнаа договор, и Ајакс беше подготвен да прифати понуда од италијанскиот шампион, но таа да не биде помала од 75 милиони евра.

Јувентус понудил 50 милиони евра плус 20 милиони во бонуси, но Ајакс го одбил ваквиот предлог бидејќи има подобри понуди од Барселона и ПСЖ. 

Доколку Јувентус во краток рок не ја плати сумата од 75 милиони евра која ја бара Ајакс, Де Лихт може да заврши на друго место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани