Јувентус се мачеше против Емполи, а потоа на сцена настапи Моисе Кин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус мака
мачеше како да го пронајде патот до мрежата од голот на Емполи кој грчевито се
бранеше, а домаќините стигнаа до минимална победа од 1-0 со гол во 72. минута.

Моисе Кин игра во
фантастична форма, во целост ја оправда довербата кај Алегри, а фудбалерот кој
веќе запиша два гола во дресот на Италија, денеска му беа потребни само три
минути за да донесе победа за Старата Дама.

Тинејџерот во
игра на мечот во Торино влезе во 69. минута, за веќе три минути подоцна да
погоди за минимален триумф на домаќините кои имаат 18 бода предност во однос на
второпласираниот Наполи на табелата во Серија А.


×