Фудбалерот на Манчестер јунајед, Расмус Хојлунд наводно е заинтересиран за преселба во Јувентус кој сака да го засили нападот за претстојното Светско клупско првенство, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус воспоставил контакти со данскиот напаѓач и ги започнал првичните разговори, пренесе денес „Тутоспорт“.
Се очекува клубот од Торино да ја заврши соработката со Аркадиуш Милик кој во текот на актуелната сезона имаше проблеми со повреди и не одигра ниту еден натпревар.
Исто така на крајот од сезоната ќе истече позајмицата на Коло Муани кој би можел да се врати во Пари Сен Жермен. Италијанските медиуми наведуваат дека неизвесна е иднината Душан Влаховиќ чиј договор истекува во 2026 година.
Покрај Хојлунд, Јувентус наводно покажал интерес и за Адамола Лукман и Виктор Осимен.