Јувентус пронајде решение за одбраната и тоа во Франција

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации од Франција, нов фудбалер на Јувентус ќе биде Кевин Дансо.

Во прашање е фудбалер на Ленс кој се согласил да потпише за „старата дама“, а Ленс би добил 2.5 милиони евра веднаш за позајмица и потенцијални уште 1.5 милион евра.

Јувентус беше во потрага по дефанзивец по повредата на Калалу кој ќе биде надвор од терените околу три недели и таа повреда на Французинот дојде во незгоден момент гигантот од Торино.

Претходно во овој преоден рок Јувентус се засили со Алберто Кошта од Бенфика, Коло-Муани од ПСЖ и Ренато Веиго од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани