Јувентус прифати трампа „глава за глава“, Милан ги уценувал со Игуаин?!

by
1 минути читање

Големата зделка
помеѓу Милан и Јувентус која се најавува со денови е пред реализација. Како што
пренесува Газета дело Спорт, по долги преговори, двата клуба се договориле за трансфер
на „Пипита“ на Сан Сиро, а оваа зделка отворила и простор за трампа помеѓу
Леонардо Бонучи и Матија Калдара.

Розевиот весник
пишува дека Аргентинецот ќе се пресели во Милан на позајмица вредна 18 милиони
евра, а „Росонерите“ ќе имаат и опција да го купат во целсот за додатни 36
милиони евра.

Се верува дека
Гонзало Игуаин бил на два ума поради тоа што се работи за позајмица бев обврска
за перманентен трансфер, но добил гаранции дека сигурно ќе остане на Сан Сиро и
структурата на трансферот е ваква само за да се заобиколат правилата на УЕФА за
Финансиски фер плеј.

Откако си подале
рака за Гонзало Игуаин, Милан и Јувентус потоа ја договориле и трампата помеѓу Леонардо
Бонучи и Матија Калдара.

Се верува дека
„Росонерите“ го условиле трансферот на Гонзало Игуаин и се заканиле дека ќе се
откажат од напаѓачот доколку не го добијат Матија Калдара во замена за Леонардо
Бонучи.

„Бјанконерите“ не
сакале да се разделат од перспективниот дефанзивец, но на крајот прифатиле
трампа и тоа „глава за глава“. Двајцата играчи се проценети на 40 милиони евра,
и нема да бидат разменети пари помеѓу клубовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×