243
Роналдо синоќа го напушти натпреварот со Србија во 30. минута откако го истегна десниот бутен мускул. Повредата ги загрижи фановите на Јувентус, но Португалецот изјави дека ќе се врати за две недели.
Сега и Јувентус објавува дека повредата не е сериозна.
„Кристијано Роналдо беше подложен на испитувања во Португалија кои покажаа мала повреда на десниот бутен мускул. Неговата состојба ќе биде следена и ќе биде предмет на нови тестови за да утврдиме кога ќе им се врати на натпреварите“, стои во соопштението на Јувентус.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.