23 годишниот аргентински интернационалец од редовите на
италијанскиот првак а воедно и европски вицепрвак Јувентус, Пауло Дибала во
наредниот период би можел да потпише нов договор со тимот од Торино.
Според информациите кои пристигнуваат од Италија,
Јувентус нема намера толку лесно да се откаже од услугите на Аргентинецот, па
иако неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува во 2022. година а
беше потпишан пред само седум месеци, се подготвува нов побогат договор за
него, кој воедно ќе има и висока откупна клаузула.
Висината на откупната клаузула која ја подготвува
Јувентус за својот најдобар фудбалер би изнесувала фантастични 230 милиони
евра, па оваа сума не би била толку голем проблем за богатите гиганти низ
Европа, особено ако се земе во предвид неверојатните промени на трансфер
пазарот кој крена енормни суми посебно изминатото лето.
Своевремено, генералниот менаџер на Јувентус, Џузепе
Марота ја убедуваше јавноста дека во договорот на Аргентинецот кој истекува за
пет години нема откупна клаузула, а дел од медиумите во Шпанија во однос на
интересот на Барселона за Дибала пишуваа дека фудбалерот на Јувентус има
откупна клаузула од околу 110/120 милиони евра која Каталонците можат да ја
активираат.